• 22/09/2020

Започна украсувањето на градот за празниците, ќе има и организиран дочек на Новата година

 Започна украсувањето на градот за празниците, ќе има и организиран дочек на Новата година
loading...
Advertisement

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“, како и специјализирана компанија, започнаа со украсување на Охрид за претстојните празници. Охрид во наредните денови ќе блесне во празничен сјај, а се подготвува и богата уметничка програма за Нова година и празниците кои доаѓаат.

-Во тек изготвувањето на предлог буџетот за организиран дочек за Нова година. Во тек се и преговорите со изведувачите, кои ќе на стапуваат во програмата која се планира да биде од 01.01.-20.01.2020. Во текот на вчерашниот ден ЈП „Охридски комуналец“ започна со украсување на градот, а деновиве ќе започне да украсува и фирмата што го има добиено тендерот за украсување. – информираат од Општина Охрид.

Извор:OhridNews