Започна засадувањето нови стебла во Струга

 Започна засадувањето нови стебла во Струга

ЈП Комунално-Струга во координација со Општина Струга во рамките на проектот Мостови – за подобро утре“ финансиран од Бугарската Програма за Развој започнаа акција за уредување на кејовите на градот долж реката Црн Дрим.

Во рамките на акцијата се засадија високостеблести растенија од типот на јапонска черешна, магнолија и фотонијз и се постави нова урбана опрема(нови клупи за седење и канти за отпадоци).

Директорот на ЈП Комунално-Струга Иќмет Ислами истакна дела целта на овој проект е кејот да добие еден нов лик а граѓаните за краток период да ја осетат разликата на целиот потег.

x