Запознајте го најдолгиот мост во Европа: Се протега на 17,2 километри, а може да издржи и силен земјотрес…

 Запознајте го најдолгиот мост во Европа: Се протега на 17,2 километри, а може да издржи и силен земјотрес…

Овој неверојатен португалски мост е дизајниран за 120 години и според пресметките во состојба е да издржи брзина на ветер до 250 км/ч. и силни земјотреси.

Мостот Васко де Гама се наоѓа во Лисабон и „лежи“ над реката Тежо, а официјално е најдолгиот мост во Европа.

Симболот на португалската престолнина вкупно се простира на 17,2 километри, вклучувајќи и 829 метри за главниот мост, 11,5 километри вијадукт и 4,8 километри пристапни патишта, а има 6 ленти.

Целта на изградбата на овој мост била да се намали метежот во сообраќајот на другиот мост во Лисабон и да се поврзат патиштата од Лисабон, а во неговата изградба биле вложени 1,1 милијарда долари.

Проектот на градење започнат бил во февруари 1995-та година, а отворен бил за сообраќај на 29 март во 1998-та година, за време на одржувањето на манифестацијата „Expo“ по повод одбележување на пет векови откако популарниот португалски истражувач и морепловец по кој што мостот го носи името ја открил морската рута до Индија.

Ограничувањто на брзината на возење на ова место е од 100 до 120 км/ч. во зависност од делот на кој што се наоѓате.

Кога врне дожд, таа се намалува на 90 км/ч.

>
>