
Засилени сообраќајни контроли, санкционирани 20 возачи во Струга
На 04.03.2022 година од 14 до 20 часот, на подрачјето на СВР Охрид, преземени се засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај.
- Притоа, полициските службеници, затекнале 64 возачи на моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење. Од нив од Охрид 20 возачи, 8 надвор од населено место, 12 во населено место. Од Струга се 20 возачи, 2 надвор од населено место, 18 во населено место. Од Кичево 8 во населено место, а од Дебар-16 возачи, 6 во населено место, 10 надвор од населено место, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По основ на сторените прекршоци, поднесени се соодветни платни налози.