Засилени сообраќајни контроли, во Струга казнети 13 возачи

 Засилени сообраќајни контроли, во Струга казнети 13 возачи

На 10-ти април 2021 година, на подрачјето на СВР Охрид, реализирани се засилени акциски контроли во сообраќајот кон возачи кои вршат престигнување на недозволено место.

– Притоа, полициските службеници регистрирале вкупно 43 прекршоци (Охрид 16, Струга 13, Кичево 9 и Дебар 5). На возачите им се изречени соодветни санкции, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид

>
>