Застрашувачка аудио снимка: „Води го во кланицата“ – вака кланот на Беливук договарал ликвидација на жртвите

 Застрашувачка аудио снимка: „Води го во кланицата“ – вака кланот на Беливук договарал ликвидација на жртвите

Застрашувачко видео за организирање убиствa во „куќата на ужасот“ зборува за бруталноста на кланот на Велја Невоља, но и за ладнокрвно договарање на ликвидации.

На снимката се слуша како Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и нивните соработници го мамат Лазар Вукичевиќ во куќата во Ритопек каде биле извршени најмонструозните убиства.

Аудио-снимката, која ја објави српски „Информер“, јасно покажува дека Беливук и неговите соработници планираат киднапирање на Вукичевиќ и најмонструозна ликвидација.

Планот за тоа како да се донесе Вукишевиќ до викендицата на смртта во Ритопек бил детално објаснет.

Да потсетиме, Вукичевиќ е една од жртвите на овој озлогласен клан кој бил најмонструозно мачен, осакатен и најбрутално убиен.

Лазар Вукичевиќ исчезна во октомври 2020 година, а последен пат бил лоциран на Баново Брдо и оттогаш му се изгуби секаква трага.

>
>