Застрашувачки снимки од земјотрес со магнитуда од 6,9 степени

Застрашувачки снимки од земјотрес со магнитуда од 6,9 степени

По земјотресот кој ја погодил покраината Куингаи во 1:45 часот наутро по локално време нема дојава за жртви и поголема материјална штета.

Северозападната кинеска провинција Куингаи во 1:45 часот наутро по локално време била погодена од силен земјотрес со магнитуда од 6,9 степени според Рихтер во епицентар на длабочина од 10 километри, пренесува кинеската агенција “Xinhua”. Земјотресот го погодил округот Менјуан, кој се наоѓа на 3.569 метри надморска височина.

Министерството за управување во кризни ситуации веднаш пратило спасувачки тим во тој округ.

“Во круг од пет километри од епицентарот се наоѓаат пет села. Првата истрага покажа дека не се пријавени жртви или значајна материјална штета”, порачал заменик регионалниот лидер за управување со кризни ситуации Гоу Јонг.

Пожарникарите ја прегледуваат штетата во селата и градовите во провинциите Кунгаи и Гансу. Суспендирани се и сите железнички линии. Во неколку тунели е забележана материјална штета, па железничкиот сообраќај нема брзо да се воспостави, пишува “Xinhua”.

На интернет се појавиле и застрашувачки снимки од овој силен потрес.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds