
Завеани села на Јабланица – Ангелов: Жителите не побарале помош од институциите, стоиме на располагање
Дел од струшките села на потегот кон планината Јабланица се завеани од обилните врнежи од снег, кои денеска го зафатија западниот дел од државата.
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, во изјава за МИА посочи дека досега не била побарана помош од нив, но, оти им стојат на располагање на граѓаните, кои ќе се најдат во живото загрозувачка состојба.
– Граѓаните, кои планирале да ја поминат зимата во овие села, доколку им се случи нешто непредвидено, да се обратат до ЦУК на телефонскиот број 195, веднаш ќе испратиме хеликоптер, ако дозволуваат условите. Доколку условите не дозволуваат ќе пуштиме соодветни возила до онаму до каде што има пристап, а потоа ќе најдеме начин како да помогнеме, нагласи Ангелов.
Согласно надлежностите, во соработка со институциите, подвлече директорот на ЦУК, ќе испратат помош онаму каде што е потрбно.
Помош не била побарана ниту од Дирецијата за заштита и спасување, ниту од општинската организација на Црвениот крст.
Извор:Тв21