Заврши обдукцијата и идентификацијата на настраданите во пожарот во Тетово

 Заврши обдукцијата и идентификацијата на настраданите во пожарот во Тетово

На Институтот за судска медицина завршена е обдукцијата на телата  донесени од Тетово, по пожарот што во вторникот ја изгоре модуларната болница во која се лекуваа болни од Ковид-19.

– Со помош на ДНК анализи идентификувани се телата на 14-мина кои настрадаа во пожарот, а извршена е обдукција и на помлада пациентка, чие што тело дополнително е донесено во Институтот за судска медицина, потврдил за Дојче веле директорот на Институтот, Александар Станков.

Во текот на денот се очекува телата да им бидат предадени на семејствата на починатите. <

Станков вели дека обдукцијата поминала со примена на најпрофесионалните стандарди, и со посебни ковид протоколи и заштита, поради специфичните околности во кои се работи за време на пандемијата.

– Најспецифично за време на обдукцијата беше тоа што станува збор за болни од Ковид-19, за коишто мора да се применуваат посебни протоколи и мерки за заштита. Но, ние во такви околности работиме веќе две години, истакна Станков.

Идентификацијата на телата е извршена со помош на роднините на починатите, МВР и Одделот за потраги. 

>
>