Заврши состанокот на Комисијата за заразни болести- познато дали ќе има воведување нови мерки

 Заврши состанокот на Комисијата за заразни болести- познато дали ќе има воведување нови мерки

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не препорача нови мерки, а следниот состанок е закажан за вторник идната недела, пренесува Фактор.

Засега останува да важи полицискиот час од 22 часот до 5 која треба да трае до 6 април.

Министерот за здравство, Венко Филипче во изјава за медиумите минатата недела рече дека очекува полицискиот час да даде резултати и дека за тоа се потребни најмалку 14 дена од воведување на мерката.

>
>