Заврши вториот Меѓународен турнир во шах ,,Езерска кралица“ во Струга, ова се постигнатите резултати

 Заврши вториот Меѓународен турнир во шах ,,Езерска кралица“ во Струга, ова се постигнатите резултати

Од 8 до 12 септември во Струга се одржa вториот меѓународен турнир во шах „Езерска кралица“. На шаховскиот турнир учествuvaa  60 учесници во категории од 10, 14 и 18 години. Се играа три турнири од кои А турнирот до 18 години, Б турнирот до 14 години и Ц турнирот до 10 години.

Во А турнирот прво место освои Велковски Стојан од шаховската школа ,,Алкалоид“, втор беше Леонид Петроски од ,,Гамбит Асеко“, а третата позиција ја освои Зенели Кленди од Албанија, шаховски клуб ,,Партизан“.

Наградата најдобар играч од Струга, ја доби Адмирим Исмаили од ,,Алкалоид“.

Во Б категорија првата позиција му припадна на Георг Фармакоски, стружанец кој живее во Скопје од шаховската школа ,,Алкалоид“. Втор беше Никола Петровски од младинскиот шаховски клуб ,,Центар“, а третото место го освои Стефан Матески од шаховски клуб ,,Ласкер“ Охрид.

Наградата за најдобар играч од Струга ја освои Кумбароски Герасим.

Во Ц категорија најдобар беше Афраниев Тимур од Русија, второ место освои Никола Јаневски од шаховскиот клуб ,,Гамбит Асеко“, а трето место освои Павел Крстевски, исто така од ,,Гамбит Асеко“.

Стружанецот Симоноски Лука го освои второто место во категорија до осум години.

Oд шаховскиот клуб ,,Струга“ учествуваа Филип Спасески, Елена Мацевска и  Мустафа Арбан.

..Годинава имавме учесници од Македонија, Косово, Албанија и Русија. Нашата цел е Струга да биде горд домаќин на овој турнир уште многу години, односно да негуваме долга традиција. Минатата година имавме пауза поради пандемијата. Стружани се љубители на шахот , па овој турнир предизвикува голем интерес.“ – изјави Ѓоко Котески, директор на турнирот.

извор:Strugaonline