• 24/09/2020

Здравствен Дом Вевчани со реакција против советничката на ВМРО – Струга

 Здравствен Дом Вевчани со реакција против советничката на ВМРО – Струга
loading...
Advertisement

        Предмет: Реакција по одржаната прес конференција на советникот на Општина Струга г-ѓа Валентина Переска на ден 04.12.2019 година

 Почитувани, 

        По изнесените наводи на прес конференцијата должни сме да реагираме и Ве известуваме за следново:

        Со доаѓањето на новиот менаџерски тим во ЈЗУ Здравствен дом Вевчани во месец Август 2017 година, затекната е состојба во која пунктот за итна медицинска помош во Лабуништа не функционира. Истиот со работа престанал во месец Февруар/Март 2017 година.

        Во меѓувреме со несебично залагање на целокупниот персонал на ЈЗУ Здравствен дом Вевчани и жителита на Лабуништа е ставена во функција новоизградената зграда и во истата од месец Јануари 2018 година повторно е воспоставена итната медицинска помош во Лабуништа.

        Во моментов пунктот во итна медицинска помош во Лабуништа не е укинат. На теритиоријата која ја покрива ЈЗУ Здравствен дом Вевчани функционира систем со два пункта во Вевчани и Лабуништа, со по две медицински сестри и еден возач по пункт, и еден лекар кој ги покрива двата пункта. Напоменуваме дека станува збор за периодот за месеците Октомври-Ноември 2019 година и за периодот од 15,30 до 07,30 часот. 

        Ова редуцирање на лекарскиот персонал е од причина што во 2019 година Установата ја напуштиле тројца доктори по медицина, а еден користи породилно отсуство.

Во меѓувреме во месец Ноември се примени на работа 3 доктори по медицина, кои во моментов стручно се оспособуваат и на крајот од месец Декември 2019 година ќе ја преземат комплетната итна медицинска помош во пунктот Лабуништа 24/7.

Лекарскиот, средно медицинскиот и друг кадар во ЈЗУ Здравствен дом Вевчани вклучувајќи и амбулантата во Лабуништа е доволно стручен, обучен и ги задоволува стандардите за пружање на секаков вид на здравствена заштита.

Сметаме дека овој проблем е конечно решен на задоволство на пациентите.

        За потсетување да кажеме дека здравството на овие простори не почнува од 2006 година туку макотрпно и заеднички се гради од 1950 година па навака, и претходно имало и лекари и здравствена заштита во Вевчани, Лабуништа, Велешта, Добовјани, Горно и Долно Татеши, Подгорци, Таш Маруништа, Октиси, Боровец, Јабланица… 

ЈЗУ Здравствен дом Вевчани

  Директор

   Јован Стојковски