Здравствениот дом – Струга нема услови за брзи антигенски тестови за ковид19

 Здравствениот дом – Струга нема услови за брзи антигенски тестови за ковид19

Струшкиот здравствен дом нема да прави брзи антигенски тестови за утврдување на Ковид 19.

Директорот Андон Ложанкоски вели причината е во тоа што установата нема ниту кадровски ниту просторни услови за да може да ги спроведува тестирањата според препорачаните протоколи.

Вакви тестови нема да се прават ниту во Општата болница бидејќи и оваа установа во Струга не располага со таков пункт. Но, пациентите ќе можат како и досега да се тестираат со ПЦР тестови и брзите серолошки, потенцира директорот на болницата, Мухамед Асани.

За разлика од Струга, во Охрид од петокот брзите антигенски тестови веќе се прават во континуитет. На располагање се 10 термини дневно за тестирање, а вкупно ќе се прават по  50 во текот на неделата. Обучени се двајца лаборанти од Здравствениот дом.

Извор:24вести