Земјотрес од 4,7 степени ја погоди Турција

Земјотрес со сила од 4,7 степени по Рихтеровата скала ја погоди турската провинција Малатија во истокот на земјата, но засега не е пријавена никаква штета.
Земјотресот се случил во 11.27 по локално време, а епицентарот му бил во градот Путурга, соопшти турскиот Директорат за вонредни ситуации и додаде дека земјотресот се почувствувал во неколку блиски провинции, пренесува АП.
Засега не е пријавена никаква штета, но жителите се вознемирени заради потресот.
Од почетокот на годината Турција ја погодија два силни земјотреси – во Измир минатиот месец кога починаа 114 лица и во Елазиг кога починаа 41 лице.
Извор: Блиц.рс