
Земјотрес почувствуван пред полноќ во Дебар и околината, епицентарот е кај границата со Албанија
Земјотрес чиј епицентар бил кај граничната линија меѓу Македонија и Албанија, вечерва неколку минути пред полноќ беше почувствуван од жителите на Дебар и Центар Жупа.
Според информациите на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот е со јачина од 3,1 степен според рихтеровата скала и на длабочина од два километри.
На ЕМСЦ пристигнуваат сведоштва од луѓе од Албанија и Македонија кои го почуствувале потресот.