Земјотрес со епицентарот во Охридско езеро

 Земјотрес со  епицентарот во Охридско езеро

Земјотрес со јачина од 2,7 степени по рихтер регистриран е синоќа во охридскиот регион.

Според податоците од ЕМСЦ, земјотресот е регистриран во 01 часот и 24 минути после полноќ, со епицентар во Охридското езеро, на длабочина од 2 километри.

На социјалните мрежи на големо се пишува дека причина за земјотресот е намалениот водостој на Охридското езеро за неколку сантиметри, но тоа научно досега не е потврдено.