
Земјотрес во Грција почувствуван и во Охрид
Силен земјотрес со јачина од 5.4 степени според Европската макросеизмичка скала во 1.50 часот по полноќ е регистриран во Грција.
Според првичните информации епицентарот на земјотресот кој беше почувствуван и во Охрид, е 47 километри југозападно од градот Јанина.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Извор: Ohridnews