
Земјотрес во западна Македонија ги вознемири граѓаните
Земјотрес со интензитет од 3.9 степени според Рихтеровата скала, беше регистриран меѓу Кичево и Дебар.
Некои информации беа дека земјотресот е со интензитет од 4.4 степени.
Земјотресот бил умерен, затоа што бил на голема длабочина, на 100 километри.
Земјотресот бил почувствуван и во целиот западен дел од Македонија, дури и во Скопје.
Серија на земјотреси пред десетина дена беа регистрирани во околината на Тетово.
Извор: tv21.tv