Земјотресот во Албанија најсилно почувствуван во Струга и Охрид

Земјотресот во Албанија најсилно почувствуван во Струга и Охрид

Земјотресот со јачина од 6.4 степени според Европската макросеизмичка скала, што во 4 часот ја погоди соседна Албанија, се почувствува во целиот регион. Силниот потрес ги разбуди од сон граѓаните на Струга и Охрид, каде најмногу се почувствува тектонскиот удар од соседна Албанија.

Според информациите на Институтот за сеизмологија, во регионот на Охрид,  Струга и Дебар, земјотресот бил почувствуван со јачина од 5 степени спорд Европската макросеизмичка скала, додека во Кичево истиот бил регистриран со јачина од 4 степени.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, засега нема пријави од граѓани за евентуални штети предизвикани од земјотресот во Струшкиот регион и околината.

Земјотресот предизвика вознемиреност кај граѓаните на Струга и Охрид

извор:OhridNews

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds