Земјотресот во Албанија со моќност колку три атомски бомби

 Земјотресот во Албанија со моќност колку три атомски бомби

Според податоците објавени на веб-порталот „Волкано дискавери“, земјотресот со јачина од 6,3 степени што ја погоди денеска Албанија има моќност колку и 60.000 тони експлозив ТНТ. Тоа е е еквивалентно на три атомски бомби, објави порталот Сот Њуз.

Потресот однесе 20 животи, а повредени се 600 лица.

Во 3 часот и 56 минути се почувствува и во Македонија и ги испаничи жителите.

Помош стига од сите страни во Албанија и сеуште се бараат преживеани.