Зголемен бројот на хоспитализирани во ковид центарот во Охрид

 Зголемен бројот на хоспитализирани во ковид центарот во Охрид

Во ковид центарот во Охрид и во болниците во другите градови се лекуваат 1040 пациенти со Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Изминатиот викенд беше пријавено дека во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 55 пациенти со Ковид 19, а тој број денеска според информациите на Министерството за здравство изнесува 75. Во Струга се лекуваат 19 позитивни или суспектни на коронавирусот.

Проценките се дека во моментов има околу 370 празни болнички кревети во ковид – центрите во земјава. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

извор:OhridNews

>
>