• 25/09/2020

Зголемен бројот на поплаки за повреда на правата на детето

 Зголемен бројот на поплаки за повреда на правата на детето
loading...
Advertisement

Значително е зголемен бројот на поплаки за повреда на правата на детето. До Канцеларијата на Народниот правобранител досега се пристигнати над 200 поплаки, најмногу за згрижување на децата, за семејните права, личните контакти со родител, роднина, правото на издршка, старателство. Народниот правобранител постојано укажува и бара од сите инволвирани во процесот на грижа за децата да преземат поголема одговорност, но позначителни промени засега нема, вели заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа.

Таа вели дека во последниве години има тренд на пораст на булингот меѓу децата, што е загрижувачко.

На 20 ноември се одбележува Светскиот ден на детето и 30-годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето.

Извор: Радио Слободна Европа