• 19/09/2020

Жбогар: Ѕвездите ви се наклонети, ве чека голема прослава

 Жбогар: Ѕвездите ви се наклонети, ве чека голема прослава
loading...
Advertisement

Верувам дека ѕвездите конечно се местат. Но, имајќи го предвид искуството од октомври и дека живееме во време на предизвици, ништо не е сигурно додека тоа не се случи, вели евроамбасадорот Семуел Жбогар во интервју за Слободен печат, на прашање за изгледите Македонија наскоро да почне преговори за членство во Европската Унија.

– Посакувам сите да се собереме да ги прославиме Денот на Европа и вашето патување со нас на возот. Планираме голема прослава во центарот на Скопје со граѓаните на Северна Македонија – вели Жбогар, во интервјуто што ќе биде објавено во утрешниот број на Слободен печат.

Тој е уверен дека во денешниот свет, која било земја, особено мала, не може да биде успешна сама.

– Живееме во сложени времиња, и кога сте дел од поголемо семејство, тоа ви дава општа сигурност. Тоа е како да сте затекнати на отворено море за време на бура. Кога сте на голем брод, едвај ги забележувате големите бранови додека ако сте во чамец може и да не опстанете. А, денес ние живееме во времиња на немирни води – вели Жбогар.