Жена од Радовиш со измама и’ одзела злато на стружанка

 Жена од Радовиш со измама и’ одзела злато на стружанка

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 36-годишната Л.Џ. од Радовиш.

-Таа, на 28-ми јули 2020 година успеала да убеди 27-годишна жена од струшко село да ѝ го донесе златото што го има во домот, кое ќе ѝ го вратела наредниот ден. Откако добила повеќе златни предмети, пријавената избегала, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 80.000 денари, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид