
Жител на Мислешево фатен со кокаин
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против .(38) годишен жител од струшкото село Мислешево. На 11.02.2020 година, при преглед извршен на улицата „Пролетерски Бригади“ во Струга, полициските службеници, кај него пронајдоа и одзедоа кокаин.