• 25/09/2020

Жител на струшко Франгово поседувал пиштол и муниција без дозвола

 Жител на струшко Франгово поседувал пиштол и муниција без дозвола
loading...
Advertisement

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45-годишниот Ш.Г. од струшкото село Франгово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“.

– На 4-ти септември 2019 година, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот и во домот на неговиот син во селото Франгово, при што пронашле и одзеле пиштол и осум куршуми, кои ги поседувал без дозвола, информираат од МВР.