
Жител на Струшко со остар предмет му се заканувал на градежен работник
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 43-годишниот Д.Ј. од струшкото село Ложани, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
– Тој, на 11-ти јануари 2021 година, во струшкото село Радожда, држејќи остар предмет, започнал вербална расправија со закани кон 32-годишниот Н.В. од Струга, кој во селото извршувал градежни работи, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид