Жителите да се евакуираат – руското министерство со најава за напад на Киев

Жителите да се евакуираат – руското министерство со најава за напад на Киев

Руското Министерство за одбрана издаде предупредување до жителите на Киев дека се подготвува да погоди цели во главниот град на Украина.

Во соопштението објавено попладнево, руските власти рекоа дека нивните сили се подготвуваат да извршат „високопрецизни удари“ против „технолошките центри на Украинската служба за безбедност и 72-от главен центар PsyOps во Киев“.

„Ги повикуваме украинските граѓани кои националистите ги користат за провокации против Русија, како и жителите на Киев кои живеат во близина на релејните станици да го напуштат својот дом“, се додава во соопштението.

Официјални лица тврдат дека нападите се изведуваат за да „спречат информативни напади против Русија“.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds