• 22/09/2020

Жителите на Лабуништа ќе ги бојкотираат изборите ако не се реши проблемот со каменоломите

 Жителите на Лабуништа ќе ги бојкотираат изборите ако не се реши проблемот со каменоломите
loading...
Advertisement

Жителите на струшкото село Лабуништа се закануваат со бојкот на изборите на 12 април, ако власта како што велат под итно не го реши проблемот со неколкуте каменоломи кои се наоѓаат во околината на селото. Тие денес излегоа на масовен предупредувачки протест, кој велат дека е последна опомена пред преземање на порадикални чекори. Иако во моментот од шест легални каменоломи деновиве работи само еден, бараат целосно одземање на концесиите на останатите и раскинување на договорите.

Во Лабуништа има шест легални каменоломи, три ново издадени концесии и уште неколку кои копаат на диво. Премиерот Зоран Заев, денес одговарајќи на пратеничко прашање кажа дека Владата вчера му дала овластување  на министерот за економија Крешник Бектеши за еднострано раскинување на договорите се со конечна цел да бидат до крај, стопроцентно затворени каменоломите во Лабуништа.

„Од тука да му испратиме директен апел, сѐ додека не се реши, немој да мислат дека ние ќе застанеме. Ние продолжуваме со протестите и понатаму. Народот е за бојкот на изборите, не јас, народот е. Јас сум директно во преговори со институциите и мислам дека нема да дојде до бојкот на изборите и ќе се реши. Но народот е за бојкот. Додека не видиме повлекување и на оваа концесија тука и затворање на сите каменоломи комплет со документација, ние нема да се повлечеме“, рече Eдис Мемишоски-жител на Лабуништа.

Извор: Алсат