
????????????????????????????????????
Жителите на Лабуништа од денес на камповање поради незаконското работење на Шумско
Почитувани членови, лабуништани. Од денес започнуваме со камповање во планината во местото викано Балески лазој Целта е искажување на револт и спречување на незаконското работење на Шумско Струга, кои и покрај забраната за сеча изречена од Државниот инспекторат за шумарство, продолжуваат со голосек на нашата најдрагоцена планина.
Камповање ќе има редовно, а ќе се користи новиот пробиен пат од Челов Камен кон Стрижак.
Еднаш засекогаш мора да се стави крај на оваа лудило! Здружение “НАТУРА ЛАБ” Лабуништа