Жителите на струшко Мислешево стравуваат од поплави, Бараат итно чистење и продлабочување на каналот кој им поминува …

Жителите на струшко Мислешево стравуваат од поплави, Бараат итно чистење и продлабочување на каналот кој им поминува …

Нови врнежи – стари главоболки за жителите на струшкото село Мислешево кои стравуваат од поплави поради неисчистениот и обраснат канал кој поминува покрај нивните куќи.

Години наназад во период кога има врнежи од дожд или снег водата им навлегува во домовите и им ги поплавува куќите нанесувајќи огромна штета. Се обратиле до Општина Струга но оттаму досега не добиле никаква реакција ниту решение за овие проблеми. 

Домот на Богдан Матески досега бил два  пати поплавен. Кога врне каналот за 15 минути се преполнува оти е полн со ѓубре и израснати дрвја кои не се сечени преку 20 години..

Жителите на Мислешево бараат итно чистење, продлабочување и цементирање на коритото на каналот.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds