Жителите на Враништа на протест, бараат нова канализациона и обновување на водоводната мрежа (Фото/Видео)

 Жителите на Враништа на протест, бараат нова канализациона и обновување на водоводната мрежа (Фото/Видео)

Во организација на Meсната заедница на село Враништа, вчера се одржа нов протест.

Жителите повторно го кренаа гласот и побараа селото да добие нова канализациона и обновување на постоечката водоводна мрежа.

На претходниот протест што се одржа на 15-ти август, мештаните потенцираа дека за овој проблем се обратиле до Општина Струга и Министерството за транспорт и врски, но не добиле никаков одговор.

Освен водоводна и канализациона мрежа, тие бараат пешачки и велосипедски патеки и зелени паркови со цел заштита на животната средина и можност за подобар социјален живот и рекреација. (Крај)

извор: ОхридПрес

>
>