• 24/09/2020

Животниот стандарт и невработеноста се најголемата грижа на жителите на Србија

 Животниот стандарт и невработеноста се најголемата грижа на жителите на Србија
loading...
Advertisement

Животниот стандард и невработеноста се најголемите проблеми со кои се соочува Србија во моментот, според најновото истражување спроведено заедно од „Блиц“ и „Фактор плус“.

Тоа е став на 84 отсто од граѓаните, додека 68 отсто сметаат дека најголем проблем е криминалот и корупцијата, 30 отсто дека е косовското прашање и состојбата на судството, 28 отсто состојбата во здравството и емиграцијата, а 24 отсто – белата чума, состојбата во образованието и заштитата на животната средина.

Истражувањето исто така покажа дека 56 проценти од граѓаните веруваат дека Белград и Приштина нема да потпишат договор, а дури 40 проценти сметаат дека „замрзнатиот конфликт“ е најдобро решение во моментот.

Кога станува збор за европската перспектива, 36 проценти од граѓаните сметаат дека Србија никогаш нема да влезе во ЕУ, 30 проценти велат дека ќе влезе после 2030 година, а два проценти во 2025 година, при што 38 отсто од граѓаните велат дека Србија не треба да влегува во Унијата, додека 35 проценти рекле дека треба.

Кога станува збор за економските реформи, 36 отсто од граѓаните изјавиле дека ги чувствуваат ефектите од реформите, 24 отсто чувствуваат малку, а 11 отсто чувствуваат целосни ефекти.

Рускиот претседател Владимир Путин има најголема доверба од светските лидери – 54 проценти, а потоа следува кинескиот претседател Си Џинпинг – 32 проценти, Доналд Трамп – 24 проценти, Ангела Меркел – 18 и Борис Џонсон – 10 проценти.