Париз, четврти ден карантин

 Париз, четврти ден карантин

Во Париз нема сообраќај на речиси напуштените Елисејски полиња, додека четвртиот ден на карантин осамнува во француската престолнина. На парижани им беше кажано да седат дома 15 дена, а да излегуваат само по храна, на лекар и во аптека. Франција има вкупно 10.995 заразени, починаа 372, комплетно оздравеа 1.295 граѓани. Еве го Градот на светлината утрово и вчера.

>
>