Зијадин Села: Победуваме во Гостивар и Дебар, во вториот круг одиме во четири општини

Зијадин Села: Победуваме во Гостивар и Дебар, во вториот круг одиме во четири општини

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во своето прво појавување по затворањето на гласањето рече дека неговата партија освои две урбани општини, Гостивар и Дебар. Додека во општините Чаир, Боговиње, Теарце и Врапчиште, одат на втор груг.

Ги освоивме Гостивар и Дебар, победивме во првиот круг, додека во 5 други општини одиме во вториот круг, ќе има втор круг. Верувам дека заедно со граѓаните ќе успееме да го зголемиме бројот на општини предводени од албанската опозиција, рече Села, додавајќи дека во Струга, Боговиње, Теарце и Чаир одат во вториот круг.

-Што се однесува до Општина Тетово, ќе треба да почекаме дали ќе одиме или не на вториот круг. Мораме да ги чекаме резултатите, рече Села.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds