Зидан соопшти една добра и една лоша вест пред полуфиналето со Челси

 Зидан соопшти една добра и една лоша вест пред полуфиналето со Челси

Францускиот стручњак ќе може да смета на својот клучен игра за врска, Германецот Тони Крос, но сепак нема да може да се потпре на услугите на фантастичниот Ферлан Менди кој игра беспрекорно добро во дефанзива како лев бек.

– Тони е многу подобро и ќе биде со нас на утрешниот натпревар. За жал, Ферлан не успеа да се опорави, му недостасува уште нешто со повредата и нема да игра против Челси, – изјави Зидан, кој го коментираше и враќањето на Азар кој имаше ветувачки 15 минути против Бетис.

– Азар сега нема никаков страв и против Бетис одигра многу добро. Најважно е да не се навраќа на проблемите и да не чувствува непријатности. Тој е со нас и многу сум среќен, верувам дека многу ќе ни помогне, – се надополни Зизу, кој за крај ја коментираше нокаут рунда со Челси.

– Ова е полуфинале и ќе биде навистина комплицирано. Не верувам дека Челси ќе се затвори и само ќе се брани. Челси е комплетен тим, напаѓа и се брани добро. Ќе ни треба најдоброто издание за да му нанесеме штета на Челси, – заврши Зизу.

x