ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА НУРОВ НА МЕДИТЕРАНСКИТЕ ИГРИ

ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА НУРОВ НА МЕДИТЕРАНСКИТЕ ИГРИ

Македонскиот борец Магомегаџи Нуров славеше против Турчинот Фејзулах Ататурк со 4-3 во категоријата до 97 килограми слободен стил и го освои златниот медал за Македонија на Медитеранските игри во Алжир.

Ататурк имаше водство од 3-0, но Нуров се врати и успеа најпрво да намали на 2-3, а последниот удар го имаше во последните секунди, кога освои дополнителни два бода за златен медал.

Ова е втор медал на Медитеранските игри за Македонија, откако претходно Владимир Егоров во репасажот во категоријата до 69 килограми стигна до бронзата.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds