Значително намалување на цените на горивата од полноќ

Значително намалување на цените на горивата од полноќ

Цените на горивата се намалуваат вечерва од полноќ, соопшти Регулаторна комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за два денари и ќе изнесува 91,5 денари по литар, Цената на ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава поевтино за два денари, и според новата цена ќе изнесува 94 денари.

Дизел горивото се намалува за три денари, и според новата цена ќе се продава по 93 денари по литар.

Се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство за три денари, и ќе изнесува 88 денари.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds