Знаци кои покажуваат недостиг на витамин Ц во организмот

 Знаци кои покажуваат недостиг на витамин Ц во организмот

Постојат неколку знаци коишто укажуваат дека на вашето тело му недостига витамин Ц, витамин потребен за бројни функции. Може да го внесувате преку редовна консумација на портокали, јагоди, киви, папаја, брокула, домати, пиперки и карфиол.

На возрасните жени им треба најмалку 75 мг витамин Ц дневно, додека на возрасните мажи најмалку 90 мг. Некои истражувања сугерираат дека оптимално е внесувањето 500 до 1.000 мг дневно.

Витаминот Ц е неопходен за раст и оздравување на ткивото во телото. Помага во производство на колаген кој служи во изградба на кожата, крвните жили, лигаментите и тетивите. Овој витамин помага во зацелување на раните, апсорпција на железото и одржување на здравјето на коските.

Тој е силен антиоксиданс кој помага во намалувањето на штетата предизвикана од слободните радикали и спречува развој на состојби како болести на срцето и рак.

The Healthy одвои знаци кои укажуваат на недостиг на витамин Ц:

– често крвавење од носот

– сува коса (испукани врвови, оштетена коса)

– крвавење на непцата

– бавно зарастување на рани

– недостиг на железо

– сува, црвена или набрана кожа

– лесно добивате модринки

– чести инфекции

– умор и чести промени на расположение

– бавен метаболизам и зголемување на килограмите

– отечени, болни зглобови.

витамин Ц
>
>