Зоран Милески Кичеец ќе лежи затвор во Струга

 Зоран Милески Кичеец ќе лежи затвор во Струга

Зоран Милески Кичеец на 26. октомври треба да се појави во затворот во Струга, каде треба да ја одлежи затворската казна, на која беше осуден во случајот „Рекет“,за Фокус потврди претседателот на судот во Охрид,

Тој појаснува дека Милески не барал одложување на извршувањето на казната, туку барањето го поднел поради надлежноста на Кривичниот суд во Скопје, поради промената на адресата на живеење во Охрид.

Тој е осуден на затворска казна од три години, откако на старот од судењето го призна делото.

>
>