Зошто не смеете да изедете повеќе од 1 парче лубеница дневно? Страшно ќе се здебелите!

 Зошто не смеете да изедете повеќе од 1 парче лубеница дневно? Страшно ќе се здебелите!

Луѓето мислат дека лубеницата, јаболката и зрнестото овошје се само вода со витамини. Но со таа вода, може да се качат многу килограми. Постојат примери кога поединци се дебелееле додека јаделе само лубеница.

Треба да знаете едно нешто: овошјето е полно со фруктоза. Вишокот фруктоза, особено на празен стомак, ќе доведе до масна дегенерација на црниот дроб. Исто така, фруктозата придонесува за дебелеење, создава имунитет на хормонот за масно ткиво лептин и на хормонот инсулин од панкреасот. Тоа за возврат доведува до постојано зголемување на апетитот.

Едно парче лубеница исполнува дури 25% од дневната потреба за витамин Ц. Витаминот Ц е важен за здрави заби и непца, помага во апсорпцијата на железо, во одржувањето на здравјето на сврзното ткиво на кожата, за имунолошките функции и зараснувањето на раните.

Овој витамин содржи и антиоксиданси, па го спречува оштетувањето на клетките со неутрализација на слободните радикали – молекули за кои се верува дека се поврзани со стареењето и со појавата на одредени болести.

Има се’ повеќе докази дека луѓето што јадат доволно овошје и зеленчук за да ги задоволат дневните потреби за витамин Ц, имаат постабилен крвен притисок од оние што не јадат доволно од овие важни намирници.

Па, зошто ви е доволно само едно парче лубеница за да ги почувствувате нејзините придобивки?

Зајакнете го имунитетот

Лубеницата содржи многу витамин А, кој игра важна улога за здравјето на очите, растот на коските, репродукцијата и делбата на клетките. Витаминот А е од витално значење за многу други функции, вклучувајќи ја и регулацијата на имунолошкиот систем и производството на лимфоцити. Едно парче задоволува 30% од дневните потреби.

Можете да ослабете на здрав начин

Со оглед на тоа што во многу земји повеќе од 60% од возрасните имаат вишок килограми или се гојазни, ризикот од хронични болести драстично се зголемува. Ако сакате да ги намалите вашите фактори на ризик, имајте на ум дека едно парче лубеница содржи 40 калории.

Го чува здравјето на срцето

Истражувањата покажале дека луѓето кои јадат најмалку три оброка со овошје и зеленчук дневно, имаат помал ризик од смрт од мозочен удар и болести на срцето за разлика од луѓето кои јадат само една порција дневно.

Со оглед на тоа што лубеницата е многу хранлива, а не го оптоварува организмот со масти, можете да ја грицкате наместо чоколадни и солени грицки, но бидете умерени!

>
>