Зошто ниту една земја нема виолетова боја на своето знаме?

 Зошто ниту една земја нема виолетова боја на своето знаме?

Виолетова боја никогаш не претставувала кралство, империја или држава. Па што не е во ред со виолетовата боја, која денес е многу популарна? И, зошто ниту едно државно знаме нема виолетова боја?

Одговорот е едноставен – виолетовата боја била прескапа до почетокот на 19 век. Токму затоа честопати била поврзувана со моќ, власт и богатство. Дури и британската кралица Елизабета Прва им забранила на сите, освен блиските членови на кралското семејство, да ја носат оваа боја.

Виолетовата боја била многу ценета затоа што била ретка. Оригиналната виолетова боја се добивала од мал морски полжав што може да се најде само во областа на денешен Либан.

x