Зошто од коронавирус се умира најмногу на Балкан и во Централна Европа

 Зошто од коронавирус се умира најмногу на Балкан и во Централна Европа

epa08764781 Two ambulances carrying patients infected with COVID-19 arrive at the University Clinic for Infectious Diseases in Skopje, Republic of North Macedonia, 22 October 2020.The autumn wave of COVID-19 filled up hospitals in North Macedonia. The last available beds in the country are in an assembly hospital next to the clinic for infectology which is rapidly filling up. The minister of health Venko Filipce said that if these last capacities are filled, there are no other measures left but setting police curfew and total lock down. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Од Чешка, преку Словенија, БиХ, Црна Гора, Северна Македонија до Бугарија…таму е највисока смртноста од Ковид-19 по глава на жител. Причина е што малку луѓе можат да работат од дома и што довербата во власта е помала.

Ланската година поминуваа уште солидно, но оваа година, според статистиките, осум држави од Западен Балкан и централна Европа се на првите девет места на светската листа според бројот на смртни случаи поврзани со коронавирус на еден милион жители.

Според Оксфордската банка на податоци (Our World in Data), таа црна листа ја предводи Унгарија (2.812 смртни случаи на еден милион луѓе), следат Чешка (2.721), БиХ (2.579), Црна Гора (2.364), Бугарија (2.342), Северна Македонија (2.290), Словачка (2.126), Белгија (2.082) и Словенија (2.037).

Според истите податоци, во Србија со коронавирус се поврзува смрт на 927 луѓе на еден милион жители. Порано истражувачките новинари и експертите искажуваа сомнеж во официјалните српски статистики.

Токму тоа е најголемата слабост на овие листи – бројките од различни земји тешко се споредливи. Има земји каде епидемијата се игнорира или премалку се тестира, а различни се и методологиите на впишување на коронавирусот како причинител на смртта. Така испаѓа дека во земји како Нигерија, Венецуела или Авганистан речиси никој не умира од коронавирус.

Ако сепак се придржуваме на достапните листи, работата не е во тоа што болеста е посебно смртоносна во централна Европа и на Балкан, туку во тоа што таму има премногу заразени. Досега починале речиси 1,8 % од регистрираните заразени во Чешка, додека уделот во западните земји е многу повисок, на пример во Велика Британија  (2,9%) или Германија (2,5%).

Но, официјално дури 15 проценти од  Чесите имале или имаат Ковид-19. Реалните бројки, како и во секоја земја, се веројатно повеќекратно повисоки.

Извор: Дојче Веле

x