ЗП Лабуништа:СУМИРАНИ  РЕЗУЛТАТИТЕ НА  ГОДИШНОТО  СОБРАНИЕ

ЗП Лабуништа:СУМИРАНИ РЕЗУЛТАТИТЕ НА ГОДИШНОТО СОБРАНИЕ

Секоја година ЗП Лабуништа е едно од првите здруженија кои на крајот од месец декември,поточно на 30 декември 2021 година во своите простории го одржа годишното Собрание,на кое беа сумирани резултатите и проблемите за тековната година.

            Собранието во пол состав го раководеше претседателот на Собранието и ИО,Лутвија Салоски.По усвоениот дневен ред од шесте точки,за кои реферираше претседателот,се премина редоследно по истиот и тоа:Усвојување на записникот од претходната седница,потоа претседателот поднесе извештај за работата на здружението и финансиски извештај за изминатата календарска 2021 година.

            Иако во период од пандемија,програмата предвудена за 2021 година беше реализирана,со искучок,само што не се изведе планираната пет дневната екскурзија во Турција.Имајќи го во предвид се ова со сигурност може да се каже дека 2021 година,ЗП Лабуништа беше успешна а посебно ја оправда довербата на пензионерите,со учество на регионалните пензионерски спортски натпревари што се одржаа во Кичево.

            Во својот писмен извештај што го поднесе претседателот,истакна дека во текот на ова година,во услови на пандемија,со запазување со сите препораки од Комисијата и препораките на СЗПМ за заразни болести и продолживме со сите активности согласно со усвоената годишна програмаза работа истакна претседателот Салоски.Исто така одржувани се состаноци на Собранието,Извршниот и Надзорниот одбор,на комисиите и ограноците.

            По поднесените два извештаи,членовите на Собранието по обемните дискусии беа усвоени.

            Според дневниот ред беа презентирани и Програмата и финасискиот план за работа во 2022 година.На седницата беа донесени и неколку значајни одлуки:Одлука за реновирање на просториите на седиштето на ЗП Лабуништа,одлука за формирање на три члена комисија за попис.

            Во врска со предложената програма за наредната година на Собранието,ИО,органите и телата на ЗП Лабуништа ќе зависат во прв ред од епидемиолошката состојба со ковид 19,но сепак,акцентот ќе биде ставен на обезбедување подобри услови за пензионерите,за подобар живот.Секако дека ќе продолжиме со активностите од културата и спортот,но ќе се залагаме преку СЗПМ да се обезбедат редовни исплати на пензиите и редовно усогласување на истите.Исто така Собранието и неговите органи и тела на Здружението,ќе ја организираат стручната служба да врши услуги на сите пензионери членови на здружението кои имаат потреба од:-Давање потврди за бањско лекување,за регистрација на сопствено возило,за потреби за погребни трошоци од солидарниот фонд,за купување на огревно дрво и др.,истакна Салоски.Исто така ќе се грижиме за болните ,изнемоштените и посета на истите.

            Предлог програмата беше прифатена со нагласка дека таа нема да биде затворена со горе наведените точки,таа ќе биде отворена и ќе се збогатува со нови содржини.Седницата на Собранието заврши со меѓусебно честитајќи си ја новата 2022 година со желба да се живи и здрави,да уживаат во пензионерските денови.

                                                                                      СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds