• 23/09/2020

ЗП СТРУГА: Струшките пензионери на промоција за добар сон во Скопје

 ЗП СТРУГА: Струшките пензионери на промоција за добар сон во Скопје
loading...
Advertisement

На 21 декември 2019 година,60 пензионери предводени од претседателот на струшкото Здружение на пензионери Милорад Трпоски,како и претседателката на Активот на жени пензионерки Елисавета Лазароска,на покана од организаторот БИО ЕНЕРГО ЦЕНТАР,во ресторанот на хотелот Турист во Скопје,присуствуваа на една вистинско добро организира презентација на произвподи под мотото „За добар сон“ 

На почетокот од презентацијата се обрати претседателот Трпоски,со поздравни зборови до организаторот и присутните пензионери.

По заедничкиот ручек во ресторанот,во организација на Био енерго центар,во придружба на музика,беше организирана за сите посетители Томбола,во знак на благодарност за укажаната доверба,време и верност,така што  голем број пензионери добија поклони – производи од организаторот.

По завршувањето на промоцијата и заедничката дружба,струшките пензионери,излегоа на прошетка на Скопскиот Плоштад „Македонија“и се придружија на обидот за поставување на Гинисов рекорд за најголема новогодишна елка во светот направена од 4 000 македонски граѓани.

Настанот беше проследен со музичко-забавна програма,за добро расположение  на учесниците се погрижија Бени Шаќири и Нон Стоп.

СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ