Бразилскиот Институт за судска полиција (IPC) идентификуваше 19-годишник кој почина во неделата откако беше нападнат од лавица во зоолошка градина.
Жртвата, според извештаите, преминала ѕид висок над шест метри, ги пробила безбедносните огради, користела дрво како потпора и влегла во просторот на лавицата, објави денес бразилскиот „Глобо“.
Видеата од посетителите го покажуваат човекот како се качува по страничната структура на кафезот, а потоа влегува во просторот користејќи дрво како потпора, по што е нападнат.
19-годишник загина во напад на лавица во зоолошка градина во Бразил
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft