22-годишна скопјанка киднапирана во Струга, по што завршила во болница во Скопје

– На 12-ти јуни 2025 година, во 04:30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека околу 02:00 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струга, две лица, со употреба на сила внеле 22-годишна девојка од Скопје во патничко возило и заминале од местото.

– Во 09:11 часот во СВР Охрид, лекар од Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје пријавил дека девојката побарала помош кај нив и ѝ биле констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ