Киев демантира дека Соледар е под руска контрола

Украинските вооружени сили ги негираа руските тврдења дека Русија веќе го контролира малиот град Соледар во источна Украина, јави ДПА.

– Русите велат дека Соледар е под нивна контрола. Тоа не е точно, изјави денеска портпаролот на украинските вооружени сили, цитиран од медиумите во Киев. Тој додаде дека Генералштабот на Украина ќе даде информации за моменталната ситуација.

Шефот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, претходно рече дека неговите борци ја презеле контролата врз Соледар во Украина по интензивните борби.

Соледар се наоѓа во самопрогласената Доњецка Народна Република, во близина на Бахмут, важен транспортен центар. Низ тој град минува мрежа од патишта и железници преку кои се снабдуваат украинските војници во Донбас.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ