Повик за ИТНА евакуација: Предупредување за цунами во Турција по силниот земјотрес, народот панично бега

По земјотресот што вечерва ја погоди Турција, Европско-медитеранскиот сеизмички центар (EMSC) предупреди на опасност од цунами.

„Брегот треба итно да се евакуира, бидејќи по последниот земјотрес во Хатај постои опасност од цунами“.

-Земјотресот предизвика паника меѓу луѓето и оштети голем број згради, а според очевидци бил почувствуван и во Египет и Либан, пренесе британската агенција Ројтерс.

Анадолија јави дека земјотресот бил почувствуван и во Јордан и Израел. Очевидци за Ројтерс изјавија дека турските спасувачки тимови проверуваат дали има повредени во последниот земјотрес.

Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран на границата меѓу Турција и Сирија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

По него следеше уште еден земјотрес со јачина од 5,8 степени во истата провинција.

АФАД издаде предупредувања во кои ги повикува граѓаните да ги избегнуваат крајбрежните области како мерка на претпазливост од ризикот од пораст на нивото на морето, кое може да достигне и до 50 сантиметри.

Updated: The shock after shock of Earthquake tremors were felt in Turkey today.
20:04 – 6.4 – Defne/Hatay
20:07 – 5.8 – Samandağ/Hatay
20:13 – 3.9 – Samandağ/Hatay
20:14 – 4.5 – Samandağ/Hatay#Defne #Hatay #Samandağ #Turkey #Syria #Israel#earthquakepic.twitter.com/nYdFnkV8hw

— Wᵒˡᵛᵉʳᶤᶰᵉ Uᵖᵈᵃᵗᵉˢ𖤐 (@W0lverineupdate) February 20, 2023

ОСТАНАТИ ВЕСТИ