Загреб: 18-годишник упаднал во училница и се заканувал со мачета, полицијата го уапси

Во гимназија во центарот на Загреб денеска 18-годишник упаднал во училница за време на наставата и со мачета му се заканувал на еден од учениците. По инцидентот, во кој нема повредени, тој побегнал од училиштето. Подоцна полицијата го уапсила сторителот.

Директорката на гимназијата за Индекс изјави дека околу 14 часот во училницата во кој биле професорката и учениците упаднал непознат млад човек со мачета. Тој се заканувал на еден ученик, но поради колективен одговор на професорката и учениците не повредил никого и потоа ја напуштил училницата .Директорката потоа го пресретнала во ходникот и го извела надвор од училиштето, бидејќи во тој момент немал ништо во раката, вели таа.

По инцидентот наставата не била прекината, но на учениците им е понудена стручна помош доколку има потреба поради трауматичниот настан.

Директорката на новинарите им кажа и дека полицијата го знае идентитетот на младиот човек, но не сакала да го открие. Полицијата подоцна соопшти дека 18-годишникот е уапсен во главниот град на Хрватска, во областа Медвешчак.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ